Подружници
ПШС „ЛИПА" – Крушево
Раководител Дипл.шум.инж. Ангеле Јанакиески
Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје насока шумарство во учебната 1999 година. Од 2002 година вработен во ЈП "Македонски шуми" - Скопје подружница "Липа" - Крушево. Работел на повеќе работни места: шеф по заштита на шумите и екологија, сам.реф.за користење на шумите. Раководител- Директор на подружница од година. Посетува студии на студиската програма - Заштита на шумите и дрвото, модул: Шумарска и Хортикултурна ентомологија на Шумарски факултет во Скопје.
Површина, етат, производство и вработени:
ПШС „Липа" – Крушево располага со околу 12.500 хектари шумско земјиште, од кои 10.300 хектари се под шуми. Покрај природните шуми, значајно место во вкупниот шумски фонд заземаат и т.н. шумски култури, односно, шумите подигнати на вештачки начин по пат на пошумивање на голините.
Годишно се врши производство на 10.500 метри кубни дрвна маса, претежно огревно дрво, а работите се извршуваат со 30 вработени.
Специфики на ПШС „ЛИПА" – Крушево:
Крушево е планинско место и спаѓа меѓу оние општини кои се побогати со шуми. Етатот го сочинуваат претежно нискостеблени дабови и букови шуми, а во поново време, како резултат на систематското пошумување, во вкупниот шумски фонд се позабележително е присуството на иглолисните видови. Соодветно на видот и категоријата, експлоатацијата на овие шуми во најголема мера е наменета за снабдување на потрошувачите со огревно, а во помал процент и со техничко дрво. Со оглед на туристичкиот карактер на градот и неговата околина, територијата на општината располага и со значителен фонд парк-шуми, меѓу кои особена знаменитост претставува познатата Крушевска Корија.