Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр. 02/2025 за унапредување на 2(два) административни службеници

mkd shumi

Врз основа на член 30 став 1 алинеа 2 и став 3 и 5, член 48 и 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодување и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија” бр.11/15 и 35/18), Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – п.о. Скопје, објавува

 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр. 02/2025

за унапредување на 2(два) административни службеници

 

Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми Национални шуми п.о. Скопје објавува интерен оглас за унапредување на 2 (два) административени службеници за следните места:

 

  1. КДР0102Б01007 Помошник директор на Сектор за уредување на шуми, ловишта и проектирање - 1 (еден) извршител

 

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да е полнолетен,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

 

Посебни услови:

Вид на образование:Шумарство и хортикултура

Стручни квалификации:

  • Ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

 

Работно искуство: најмалку 6(шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10(десет) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор

 

Општи работни компетенции:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест

-раководење
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување

 

Посебни работни компетенции:

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Потврда за положен испит за административно управување

 

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:00 до 15:00

Основна нето плата во износ од 49.410,оо денари;

 

 

  1. КДР0102Б04091 Раководител на одделение за гис, картографија и катастар - 1 (еден) извршител

 

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да е полнолетен,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

 

Посебни услови:

 

Вид на образование: Шумарство и хортикултура, Геодезија

Стручни квалификации:

  • Ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

 

Работно искуство: најмалку 5(пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8(осум) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор

 

Општи работни компетенции:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест

-раководење
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување

 

Посебни работни компетенции:

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Потврда за положен испит за административно управување

 

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:00 до 15:00

Основна нето плата во износ од 37.050,оо денари;

 

 

 

Покрај горенаведените посебни услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места во ЈП Национални шуми п.о. – Скопје, заинтересираните кандидати  треба да ги исполнуваат  и условите утврдени во член 48 став 5 од Законот за административни службеници:

  • Да биде оценет со оцена А или Б при последното оценување,
  • Да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас, или да е на работно место во рамките на иста категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • Да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

Рок за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот на веб страната на ЈП Национални шуми и на веб страната на Агенцијата за администрација.

 

Заинтересираните кандидати за сите работни места потребно е да ги достават следните документи:

  • Пополнета пријава за унапредување
  • Уверение за државјанство, не постарo од 12 месеци
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за работно искуство во струката
  • Лекарско уверение за општа здравствена способност не постарo од 12 месеци
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, не постаро од 12 месеци
  • Доказ за познавање на програми за канцелариско работење
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користените јазици на Европската Унија (англиски,француски, германски).

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат и следните докази:

  • Потврди за успешно реализирани обуки и/или потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

Кандидатите кои ќе внесат лажни податоци во пријавата или за кои што ќе се утврди дека внеле лажни податоци ќе се дискавалификуваат за натамошната постапка.

 

Заинтересираните кандидати, пријавата заедно со потребните документи ја доставуваат преку архивата на ЈП Национални шуми до Сектор за правни, општи работи и човечки ресурси, со назнака – за Интерен оглас за унапредување бр.02/2025.

 

 

                                                                           

 

 

Пријава

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт