Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2025 за засновање на работен однос на определено време за 115 (сто и петнаесет) лица до 31.12.2025 година

mkd shumi

Врз основа на член 22 став 1 алинеа 3, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25) Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – п.о. Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2025

за засновање на работен однос на определено време за 115 (сто и петнаесет) лица до 31.12.2025 година

За следните работни места распоредени по Подружниците и Дирекцијата во претпријатието:

  1. Помлад соработник за финансии (финансиско работење), подружница – 1 (еден) извршител
  2. Соработник за нормативни и правни прашања, Одделение за општи и правни работи, – 1 (еден) извршител
  3. Помлад соработник за правни работи, подружница – 1 (еден) извршител
  4. Ракувач со градежна машина – 10 (десет) извршители, подружница
  5. Расадничар – 7 (седум) извршители, подружница
  6. Работник во расадник – 5 (пет) извршители, подружница
  7. Редач – 19 (деветнаесет) извршители, подружница
  8. Сечач – 43 (четириесет и три) извршители, подружница
  9. Дотурач со анималии – 23 (дваесет и три) извршители, подружница
  10. Чувар  на шума – лиценца – 1 (еден) извршител, подружница
  11. Референт за превоз – 2 (два) извршители, подружница
  12. Шумски работник (редач,утоварач, пошумување и други шумски работи) – 2 (два) извршители, подружница

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да е полнолетен, активно да го користи македонскиот јазик,  да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

Посебни услови:

  • За работно место  Помлад соработник за финансии (финансиско работење)

Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Високо - Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент)

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

              Посебни работни компетенции:

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и

основна нето плата во износ од 27.650,оо денари;

  • За работно место Соработник за нормативни и правни прашања

Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Високо – Правни науки

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство во струката;Посебни работни компетенции:

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и

основна нето плата во износ од 29.350,оо денари;

  • За работно место Помлад соработник за правни работи,

Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Високо – Правни науки

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции:

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и

основна нето плата во износ од 27.650,оо денари;

  • За работно место Ракувач со градежна машина

Стручни квалификации: основно образование, возачка дозвола и лиценца

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;

  • За работно место Расадничар

Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование,

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;

  • За работно место Работник во расадник

Стручни квалификации: основно образование,

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;

  • За работно место Редач

Стручни квалификации: основно образование,

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;

  • За работно место Сечач

Стручни квалификации: основно образование,

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;

  • За работно место Дотурач со анималии

Стручни квалификации: основно образование,

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;

  • За работно место Чувар на шуми – лиценца

Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, - Шумарски техничар насока шумарство

Работно искуство: две години работно искуство

Лиценца за обезбедување

 основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;

  • За работно место Референт за превоз

Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, - Шумарски техничар – насока шумарство

Работно искуство: две години работно искуство

основна нето плата во износ 24.379,оо денари;

  • За работно место Шумски работник (редач,утоварач,пошумување и други шумски работи)

Стручни квалификации: четири годишно средно образование

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;

Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот.

Кон пријавата кандидатите треба да ја достават следната докуменација:

  • Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат
  • CV – кратка биографија
  • Уверение за државјанство – копија не постаро од 1 (една) година
  • Доказ за завршено образование - копија
  • Доказ за работно искуство
  • Доказ за исполнување на посебните услови
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
  • Лекарско уверение
  • За работните места под реден број 1, 2 и 3 да се достават  (Доказ за познавање на програми за канцелариско работење и Доказ за познавање на еден од трите најчесто користените јазици на Европската Унија (англиски,француски, германски).

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.”Св.Климент Охридски” бр. 68 – 1000 Скопје.

Огласот трае 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 07.08.2025 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.   

Пријава за оглас

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт