Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр. 02/2025 за унапредување на 7 (седум) даватели на јавни услуги

mkd shumi

Врз основа на член 37-н и 37-њ од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19,  89/22,  274/22  и 208/24)  и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерниот оглас за унапредување, начинот на поднесување на пријавата за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување, како и начинот на бодирањето за давателите на јавна услуга бр.02-351/4 од 19.05.2022 година, Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – п.о. Скопје, објавува

 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр. 02/2025

за унапредување на 7 (седум) даватели на јавни услуги

 

Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми Национални шуми п.о. Скопје објавува интерен оглас за унапредување на 8 (седум) даватели на јавна услуга за следните места:

 

  1. КДР0305Б01073, Проектант, Одделение за уредување на шуми - 2 (два) извршители

 

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да е полнолетен,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

Посебни услови:

Вид на образование: Шумарство и хортикултура

Стручни квалификации:

  • Ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:00 до 15:00

Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Основна нето плата во износ од 29.350,оо денари;

  1. КДР0305Б01013, Самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми, во ПШС Беласица – Струмица и ПШС Караџица - Скопје  - 2 (два) извршители

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да е полнолетен,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

Посебни услови:

Вид на образование: Шумарство и хортикултура – насока шумарство

Стручни квалификации:

  • Ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:00 до 15:00

Основна нето плата во износ од 30.500,оо денари;

  1.  КДР0305А04037 Помошник раководител на подружница, ПШС Беласица – Струмица и ПШС Плачковица - Радовиш - 2 (два) извршители

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да е полнолетен,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

Посебни услови:

Вид на образование: Шумарство и хортикултура

Стручни квалификации:

  • Ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

Работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката, од кои најмалку една години на работно место во јавен сектор, односно најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор

Посебни работни компетенции:

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:00 до 15:00

Основна нето плата во износ од 33.570,оо денари;

  1. КДР0305А01006, Самостоен инженер – советник на директорот - 1 (еден) извршител

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да е полнолетен,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

Посебни услови:

Вид на образование: Земјоделски и ветеринарни науки,  (Земјоделство,шумарство и рибарство)

Стручни квалификации:

  • Ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.

Посебни работни компетенции:

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:00 до 15:00

Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Основна нето плата во износ од 49.410,оо денари;

Рок за поднесување на пријавите е 5 (пет) работни дена од денот на објавување на огласот на веб страната на ЈП Национални шуми.

Заинтересираните кандидати за сите работни места потребно е да ги достават следните документи:

  • Пополнета пријава за унапредување
  • Уверение за државјанство, не постарo од 12 месеци
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за работно искуство во струката
  • Лекарско уверение за општа здравствена способност не постарo од 12 месеци
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, не постаро од 12 месеци
  • Доказ за познавање на програми за канцелариско работење (за работни места под реден број 3 и 4)

Кандидатите кои ќе внесат лажни податоци во пријавата или за кои што ќе се утврди дека внеле лажни податоци ќе се дискавалификуваат за натамошната постапка.

Заинтересираните кандидати, пријавата заедно со потребните документи ја доставуваат преку архивата на ЈП Национални шуми до Сектор за правни, општи работи и човечки ресурси, со назнака – за Интерен оглас за унапредување бр.02/2025.

 

   ЈП “Национални шуми” п.о. Скопје

                  ВД Директор

              Здравко Трајанов

 

Објавен на 22.07.2025

Краен рок за пријавување 28.07.2025

 

Пријава за оглас

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт