ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2025 за засновање на работен однос на неопределено време за 30 (триесет) лица
.jpg)
Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20), член 37 – и став 1, 2, 3 и 4 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22 и 208/24), и член 23 став 2 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – п.о. Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2025
за засновање на работен однос на неопределено време за 30 (триесет) лица
За следните работни места распоредени по Подружниците во претпријатието:
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Малешево - Берово - 1 (еден) извршител
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Равна Река - Пехчево - 1 (еден) извршител
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Осогово – Крива Паланка - 1 (еден) извршител
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Кратово - Кратово - 1 (еден) извршител
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Плачковица - Виница - 1 (еден) извршител
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Бабуна - Велес - 1 (еден) извршител
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Кајмакчалан - Битола - 2 (два) извршители
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Бигла – Демир Хисар - 1 (еден) извршител
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Преспа дрво - Ресен - 2 (два) извршители
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Стогово - Дебар - 1 (еден) извршител
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Сандански – Македонски Брод - 1 (еден) извршител
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Караџица - Скопје - 2 (два) извршители
- Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Куманово - Куманово - 1 (еден) извршител
- Референт за сеча и дотур, КДР0305Б02117, Подружница ШС Плачковица Радовиш - 1 (еден) извршител
- Референт за сеча и дотур КДР0305Б02117, Подружница ШС „Демир Капија“ – Демир Капија - 1 (еден) извршител
- Референт за сеча и дотур КДР0305Б02117, Подружница ШС „Бор“ – Кавадарци - 1 (еден) извршител
- Референт за сеча и дотур КДР0305Б02117, Подружница ШС „Кајмакчалан“ – Битола - 1 (еден) извршител
- Референт за сеча и дотур КДР0305Б02117, Подружница ШС „Караџица“ – Скопје - 1 (еден) извршител
- Ракувач со градежна машина, КДР0305В02038 Подружница ШС „Равна река“ – Пехчево - 1 (еден) извршител
- Ракувач со градежна машина, КДР0305В02038 Подружница ШС „Плачковица“ – Радовиш - 1 (еден) извршител
- Ракувач со градежна машина, КДР0305В02038 Подружница ШС „Беласица“ – Струмица - 1 (еден) извршител
- Ракувач со градежна машина, КДР0305В02038 Подружница ШС „Саланџак“ – Валандово - 1 (еден) извршител
- Ракувач со градежна машина, КДР0305В02038 Подружница ШС „Кожув“ – Гевгелија - 1 (еден) извршител
- Контролор на рампа, КДР0305Б02011, Подружница ШС „Беласица“ – Струмица - 1 (еден) извршител
- Референт за расадничко и семе производство, КДР0305Б01024, Подружница ШС Лопушник - Кичево - 1 (еден) извршител
- Самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми, КДР0305Б01013, Подружница ШС Голак - Делчево - 1 (еден) извршител
- Самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми, КДР0305Б01013, Подружница ШС Кожув - Гевгелија - 1 (еден) извршител
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Да е полнолетен,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното место;
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
Посебни услови:
- За работно место Референт за користење на шуми и дотур
Стручни квалификации: ВСС - Шумарство и хортикултура - шумарство
Работно искуство: три години работно искуство во струката
основна нето плата во износ од 29.350,оо денари;
- За работно место Референт за сеча и дотур
Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование – Шумарски техничар,
Работно искуство: две години работно искуство во струката
основна нето плата во износ од 25.010,оо денари;
- За работно место Ракувач со градежна машина
Стручни квалификации: основно образование,
Посебен услов: возачка дозвола и лиценца
Работно искуство: со или без работно искуство во струката;
основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;
- За работно место Контролор на рампа
Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование,
Работно искуство: две години работно искуство во струката
основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;
- За работно место Референт за расадничко и семе производство
Стручни квалификации: ВСС - Шумарство и хортикултура, Наука за земјиштето и хидрологија, Растително производство,
Работно искуство: три години работно искуство во струката
основна нето плата во износ од 29.350,оо денари;
- За работно место Самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми
Стручни квалификации: ВСС - Шумарство и хортикултура - шумарство
Работно искуство: три години работно искуство во струката
основна нето плата во износ од 30.500,оо денари;
Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот.
Кон пријавата кандидатите треба да ја достават во оригинал или заверена на нотар следната докуменација:
- Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат
- CV – кратка биографија
- Уверение за државјанство, не постарo од 12 месеци
- Доказ за завршено образование
- Доказ за работно искуство- (документ од АВРМ)
- Лекарско уверение за општа здравствена способност не постарo од 12 месеци
- Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, не постаро од 6 месеци
- Доказ за посебен услов за работно место-ракувач со градежна машина
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.”Св.Климент Охридски” бр. 68 – 1000 Скопје.
Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 04.08.2025 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Назад