Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02/2025 за засновање на работен однос на неопределено време за 2 (две) лица

mkd shumi

Врз основа на член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – п.о. Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02/2025

за засновање на работен однос на неопределено време за 2 (две) лица

 

За следните работни места распоредени по Подружниците и Дирекцијата во претпријатието:

 

  1. Дирекција на ЈП Национални шуми – Скопје

                Возач на лесно патничко возило- 1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Бигла“ – Демир Хисар

Автомеханичар - 1 (еден) извршител

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да е полнолетен, активно да го користи македонскиот јазик,  да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

 

Посебни услови:

  • За работно место Возач на лесно патничко возило

Стручни квалификации: средно образование

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

Основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;

Посебен услов: возачка дозвола

  • За работно место Автомеханичар

Стручни квалификации: тригодишно средно образование - автомеханичарско

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;

 

Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот.

Кон пријавата кандидатите треба да ја достават во оригинал или заверена на нотар следната докуменација:

Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат

  • Уверение за државјанство, не постарo од 12 месеци
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за работно искуство- (документ од АВРМ)
  • Лекарско уверение за општа здравствена способност не постарo од 12 месеци
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, не постаро од 6 месеци
  • Доказ за посебен услов- за работно место возач на лесно патничко возило

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.”Св.Климент Охридски” бр. 68 – 1000 Скопје.

Огласот трае 5 работни дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 25.07.2025 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.                                                                             

 

 

Пријава за оглас

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт