Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2020

Врз основа на член 37 – и  став 1, 2 и 3 од Законот за јавните претпријатија (Сл.Весник на Р.М. бр. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14, 25/2015, 61/2015, 39/2016 и 64/2018) и член 22 точка 1 ал.3 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/18, 198/18 и 143/2019) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 ,129/15, 27/16, 134/16, 120/18 и 109/19), Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ - Скопје, објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2020

За засновање на работен однос на определено време за 446 (четиристотини четириесет и шест) лица до 31.12.2020 година

 

mkd shumi

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Заради извршување на работи од сезонски  карактер, за следните работни места:

  • Сечач – 215 (двесте и петнаесет) лица, со ново на работо место Б04
  • Дотурач – 105 (сто и пет) лица, со ниво на работно место Б04
  • Редач – Утоварач – Истоварач – 57 (педесет и седум) лица, со ниво на работно место В01 и
  • Шумски работник (редач, утовар.пошумување и шум.производи) – 69 (шеесет и девет) лица, со ниво на работно место место Б04

 

Погоренаведените работни места се во групата на даватели на јавни услуги, за кои кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

  • степен на образование – нк, ссз, ссс
  • со и без работно искуство

Работните задачи за работно место сечач опфаќаат оборување, кроење и изработка на

шумски сортименти, за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач опфаќа утоварање, растоварање и редење на дрва во шума и во магацин и за работното место Шумски работник опфаќа редење, утовар, растовар на огревно дрво и градежен материјал и други работни задачи.

Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 16.890,оо денари, за работно место Дотурач изнесува 15.450,оо денари, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач изнесува 14.880,оо денари и за Шумски работник (редач, утовар.пошумување и шум.производи) изнесува 14.880,оо денари.

Неделно работно време за овие работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. (Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен).

Кон пријавата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:

  • Доказ за завршено образование и
  • Уверение за државјанство.

Заинтересираните кандидати може да поднесат Пријава за вработување и истата може да ја најдат на нашата веб страна.

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје

на ул.„Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.

Огласот трае 3 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 23.01.2020 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

ЈП „Национални шуми”- Скопје

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт