ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС, ПШС “Караџица” – Скопје, ШСЕ ,Патишка Река” оддел/пододдел 62/б
.jpg)
ЈП”НАЦИОНАЛНИ ШУМИ’ – СКОПЈЕ
ПОДРУЖНИЦА ШС ,,Караџица ,, - Скопје
ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС
Се повикуваат сите заинтересирани коминтенти (купувачи) да се пријават на повикот во ЈП”Национални шуми” ПШС ,,Караџица,, Скопје. Јавното претпријатие на најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродажни договори за дрвна маса на пенушка согласно Законот за шумите чл.70 во ПШС “Караџица” – Скопје, ШСЕ ,Патишка Река” оддел/пододдел 62/б, со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од претпријатието.
Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат барање за склучување на договор.
Правните субјекти за да се пријават на овој повик треба да имаат:
- инсталирано линија за дрвни производи (дрво за преработка) или
- инсталирано линија за дрвни плочи, иверици, пелети, брикети и сл. или
- регистриран склад за продажба на дрво и дрвни сортименти.
Во прилог на барањето треба да се достави:
- Решение за промет на дрво и дрвни сортименти издадено од МЗШВ
- Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар, не постара од 6 месеци
- ДРД образец од Централен регистар
- Декларација за прием (заверен образец од банка депонент за последен исплатен личен доход по број на вработени)
- Лиценца на купувачот за извршување на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур.
- Доколку купувачот ангажира подизведувач за извршување на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур, должен е да достави лиценца и од подизведувачот
За увид на лице место и подетални информации во врска со ШСЕ, оддел/пододдел, дрвни видови, дрвни сортименти, количини, цени и начин на плаќање може да се информирате во Подружницата на јавното претпријатие.
Обрзецот на барање може да се подигне од веб страната www.mkdsumi.com.mk, во Дирекцијата и Подружниците на Јавното претпријатие.
Барањата да се достават најдоцна до 11.05.2025 година.
ПодружницаШС,Караџица,,Скопје
Назад