ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС ПШС “Кајмакчaлан” – Битола, ШСЕ ,,Ниџе 1”оддел/пододдел 1/а, 3/б, 4/а, 5/а и 7/а (опожарена дрвна маса) и ШСЕ,,Кајмакчалан” оддел/пододдел 12/г,13/в (снегоискршени
ЈП”НАЦИОНАЛНИ ШУМИ’ – СКОПЈЕ
ПОДРУЖНИЦА ШС ,,Кајмакчaлан,, - Битола
ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС
Се повикуваат сите заинтересирани коминтенти (купувачи) да се пријават на повикот во ЈП”Национални шуми” ПШС ,,Kајмакчaлан,, Битола . Јавното претпријатие на најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродажни договори за дрвна маса на пенушка согласно Законот за шумите чл.70 во ПШС “Кајмакчaлан” – Битола, ШСЕ ,,Ниџе 1”оддел/пододдел 1/а, 3/б, 4/а, 5/а и 7/а (опожарена дрвна маса) и ШСЕ,,Кајмакчалан” оддел/пододдел 12/г,13/в (снегоискршени), ШСЕ,,Ниџе 2” оддел/пододдел 64/а (снегоискршени) , со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од претпријатието.
Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат барање за склучување на договор.
Правните субјекти за да се пријават на овој повик треба да имаат:
- инсталирано линија за дрвни производи (дрво за преработка) или
- инсталирано линија за дрвни плочи, иверици, пелети, брикети и сл. или
- регистриран склад за продажба на дрво и дрвни сортименти.
Во прилог на барањето треба да се достави:
- Решение за промет на дрво и дрвни сортименти издадено од МЗШВ
- Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар, не постара од 6 месеци
- ДРД образец од Централен регистар
- Декларација за прием (заверен образец од банка депонент за последен исплатен личен доход по број на вработени)
- Лиценца за извршување на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур или Договор со лиценциран правен субјект за извршување на сеча и дотур
За увид на лице место и подетални информации во врска со ШСЕ, оддел/пододдел, дрвни видови, дрвни сортименти, количини, цени и начин на плаќање може да се информирате во Подружницата на јавното претпријатие.
Напомена: На повикот може да се учествуваат правни лица кои немаат финансиски обврски спрема ЈП’Национални шуми“- Скопје
Обрзецот на барање може да се подигне од веб страната www.mkdsumi.com.mk, во Дирекцијата и Подружниците на Јавното претпријатие.
Барањата да се достават во подружницата најдоцна до 10.06.2026 година.
Подружница ШС,,Кајмакчaлан,,Битола
Назад






