Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ИЗВЕСТУВАЊЕ по повик за интерес 2017 година

Се известуваат сите правни субјекти купувачи на огревно кои имаат регистрирано склад за промет на дрво и дрвни сортименти дека ЈП”Македонски шуми” ќе отпочне со продажба на огревно дрво и склучување на договори за купопродажба на огревно дрво врз основа наподнесени барања од правните субјекти.

Во прилог на барањето за огревно дрво треба да се достави:

-          Документ дека правното лице има регистриран склад за продажба на дрвни сортименти (Решение за регистриран склад за прометна дрва и дрвни сортименти издаден од МЗШВ).

-          Тековна состојба на правното лице од Централен регистар не постара од 6 месеци

-          ДРД образец од Централен регистар

-          Заверен образец за последен исплатен личен доход

-          Да достави писмена изјава заверена на нотар со која се обврзува дека максималната цена на продажба нама да биде повисока од 3.000 денари/метар просторен за даб и 2.900,00 денари/метар просторен за бука

-          Да достави писмена изјава заверена на нотар со која се согласува ЈП “Mакедонски шуми”  да му задржи 10% од вкупно уплатената сума по договорот доколку не го исполни условот од претходната точка за максимална цена на продажба.

 

       Продажбата на огревното дрво ќе се врши со склучување на купопродажни договори и тоа:

 

1.       Правни субјекти кои имаат регистрирано склад за промет на дрво и дрвни сортименти и кои вршат услуги за сеча и дотур на дрвни сортименти за јавното претпријатие (имаат склучено договори согласно огласот за доделување на јавна набавка вршење на шумско културни работи) и превоз на дрвни сортименти можат да купат огревно дрво можат да купат огревно дрво од шумските складови на подружниците на  ЈП “Mакедонски шуми”  максимално ¼ од вкупната количина на дрвни сортименти која ја имаат во договорите за услуги.

Купувачот се обврзува при склучување на договорот, за негово квалитетно исполнување, да обезбеди, банкарска гаранција или да уплати гаранција во висина од 10% од вкупната вредност на договорот и да плати учество во висина од 10% од вкупната вредност на договорот со ЈП"Македонски шуми" – Скопје. Плаќањето ќе се врши авансно, а испораката ќе биде сукцесивно во висина на авансната уплата, на количини во однос 1:4 спрема извршените услуги. Рок на аплицирање до 31.03.2017 година. Први склучуваат договори сите правни субјекти кои ќе пријават интерес.

 

2.       Правни субјекти кои имаат регистрирано склад за промет на дрво и дрвни сортименти и имаат склучено договори со купувачи здруженија на пензионери, синдикални организации, локална самоуправа и други државни органи можат да купат огревно дрво од шумските складови на подружниците на ЈП"Македонски шуми" доколку имаат склучено договори за продажба на огревно дрво со наведените категории на купувачи. Договорените количини на огревно дрво од купопродажниот договор со ЈП"Македонски шуми" се наменски и неможат да бидат предмет на препродажба.

Купувачот се обврзува при склучување на договорот да ги приложи склучените договори со купувачи од наведените категории со прилог список на лица купувачи, заверен на нотар, кои ќе бидат составен дел на договорот. За квалитетно исполнување на договорот да обезбеди, банкарска гаранција или да уплати гаранција во висина од 10% од вкупната вредност на договорот и да плати учество во висина од 10% од вкупната вредност на договорот со ЈП"Македонски шуми" – Скопје. Плаќањето ќе се врши авансно, а испораката ќе биде сукцесивно во висина на авансната уплата.

Рок на аплицирање до 31.03.2017 година. По склучување на договорите од точка 1, се склучуваат договори сите правни субјекти кои ќе пријават интерес.

 

3.       Сите правни субјекти кои имаат регистрирано склад за промет на дрво и дрвни сортименти (сите кои се регистрирани за промет) можат да купат огревно дрво по пат на јавно наддавање – лицитација. Лицитација ќе се врши на слободни количини кои ќе останат како вишок после рокот за склучување на сите видови договори за огревно дрво од шумски складови и складовите на подружниците.

 

Договорите ќе се склучувааат во Секторот за комерцијални работи во Дирекцијата на ЈП “Mакедонски шуми”, на Барање на правните субјекти.

 

 

                                                 ЈП „Македонски шуми“ - п.о. - Скопје 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт