Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

СЕ ВОВЕДУВА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од Законот за шумите, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24:00 часот, на територијата со која стопанисува јавното претпријатие.
Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.
Целосната забрана за движење во шума стапува на сила од 01.07.2026 година и ќе трае до 31. 08. 2026 година. 
Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за:
Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Национални шуми, субјектите што вршат шумскостопански активности, шумски работи и заштита на шумите, и лица коишто имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои управува ЈП Национални шуми - Скопје. 
Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП Национални шуми – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.
За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР. 
За движење низ парк шумите (на пр: Водно) и Националните паркови, граѓаните да се информираат кај правните субјекти кои управуваат со овие територии.
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт