Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Прес на ЈП Македонски шуми во врска со преземени мерки за намалување на штети од шумски пожари и пл

На пресот одржан во просториите на ЈП Македонски шуми, учествуваа директорот на ЈПМШ, Жарко Караџоски, кој рече:

“ЈП Македонски шуми во изминатиот период презема бројни мерки за намалување на штетите од шумски пожари поради што допринесовме оваа година штетите да бидат значително помали.

Овој период се подготвуваме за уште подобра подготвеност за превенција и за сузбивање на шумски пожари за што во моментов имаме распишано тендер за лична заштита на нашите пожарникари,  (ХТЗ) за гаснење пожар на отворен простор.

Овој тип на ХТЗ за гаснење пожар на отворен простор е новина во државата и го охрабруваме претпријатијата кои се занимаваат со оваа дејност да ни достават понуди за набавка.

Изминативе неколку години ЈП Македонски шуми се доопреми со:

  • 20 теренски возила
  • 6 булдожери
  • Специјализиран алат за гаснење на шумски пожари и 215 напртњачи со капацитет 25 литри

Со новите булдожери изградени и прочистени се најбитните шумски патишта за навремена интервенција на 154 шумски пожари при што оваа година штетата врз шумата изнесува 14.182 м3што споредбено со 2012 год. 158.443м3 и 2007 год. 392.914м3е огромен допринос.

Во текот на декември и јануари ќе се доопремиме со нови 33 теренски дизел возила.

Во 2014 год. се планира набавка на 20 крос мотори за поголема мобилност во шумски предели.

Договорена е и бесплатна обука на гасначи во Анталија, Република Турција, кои понатака ќе раководат со посебна единици на мобилни екипи, обучени шумски пожарникари составени од нашите вработени.” Помошник директорот на Секторот за расадничко производство, одгледување, подигање и заштита на шумите, Игор Лазаровски, додаде, дека во нареднот период сме во преговори сме за добивање на донација на специјализирани возила:

  • цистерни за гаснење на шумски пожари со погон на сите тркала
  • пикап возила со резервоар 500 литри вода со погон на сите тркала

Оваа пригода ја користиме и да се заблагодариме на помошта при гаснење на шумски пожари на нашите пријатели од ПП бригадите и авиооделението на Дирекцијата за заштита и спасување.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт