Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Одржана министерска конференција за шумарство - „Најдобри практики и искуства во обновувањето на шумите“

На ден 06.10.2023 година во хотелот Александар Палас се одржа првата министерска конференција за шумарство - „Најдобри практики и искуства во обновувањето на шумите“.
Конференцијата се одржа во соработка со Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во партнерство со Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“- Скопје, со фокус на најдобри практики и искуства во обновувањето на шумите.
На конференцијата учество со свои излагања земаа и повеќе академски експерти од Северна Македонија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина, кои одржаа презентации на низа клучни теми, вклучително најдобри практики во обновувањето на шумите, силвикултура и предизвици во пошумувањето, споделувајќи нови научни искуства за производството на саден материјал од шумски видови, стратегии за пошумување на голи терени, хидросеење како начин за рекултивација на деградирано земјиште и еродирани подрачја, како и производство на биомаса.
Споделените искуства практики од министерската конференција за шумарство дадоа придонес кон уште поголем развој на шумите, позелена и здрава иднина на земјите од Западен Балкан.
На конференцијата присуствуваше делегација на ЈП Национални шуми, предводена од генералниот директор Валентин Груевски.
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт