Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Одржана Национална работилница за управување со пожари на ниво на предел во РС Македонија

На ден 30.03.2023 год. со почеток во 09:00 часот во хотел Холидеј Ин, се одржа Националната работилница за управување на ниво на предел во РСМ, организирана од МЗШВ во рамки на програмата "Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан"- Landscape Fire Management in the Western Balkans Programme, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка – (SDC), координирана од Фармахем од Скопје, со советодавна поддршка од Helvetas Swiss Intercooporation.

На работилницата од страна на проектниот тим, пред присутните претставници од повеќето засегнати институции, беа презентирани главните цели и приоритети на програмата и запознавање со активностите кои следат за формирање на Национална мрежа за управување со пожари.

Работилницата ја отвори националниот проектен соработник Бојан Михајловски, а воведно обраќање до присутните имаше заменик министерот во МЗШВ г-ѓа Вјолца Бериша.

На работилницата од Јавното претпријатие присуствуваа претставници од секторот за Заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола, од Швајцарската амбасада, од програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, од Секторот за шумарство и ловство во МЗШВ, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг Ханс ЕМ.

По одржаните презентации беше отворена дискусија и работа во три групи: Преглед и елаборација на содржината на националниот извештај–World cafe method, по што следуваше и презентирање на работата на групите, идентификување на недостатоците и идни чекори.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт