Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Промоцијата на 5 теренски возила, службена опрема и ИТ опрема во Инфо центарот на Пониква

Јавното претпријатие Национални шуми, од страна на Владата на РСМ е назначено за управувач на Заштитени подрачја Осоговски планини и Малешево. За ЈП тоа претставува голема чест, но и одговорност, бидејќи јавното претпријатие има долгогодишно искуство со управување со шумите, како најзастапен екосистем кој покрива околу 40% од површината во државата, но сега со ова нова улога треба интегрирано да се управува со сите екосистеми во границите на ЗП.
Веднаш по прогласувањето на Заштитените подрачја, јавното претпријатие пристапи кон изготвување на законските документи, како и промена и приспособување на плански документи согласно законската регулатива и после двегодишни интензивни активности со сите засегнати страни, институции, општини, локални заедници, невладини организации, туристички сектор и друго, беше изготвен Планот за Управување со Заштитеното подрачје Осоговски планини кој е усвоен од страна на МЖСПП и потпишан од страна на Министерот.
Активностите за изработка на Планот за управување се во тек, одржани се состаноци со сите засегнати страни и до крајот на месец октомври треба да се изработи и Нацрт планот за Заштитеното подрачје Малешево. Во изготвувањето на овие документи покрај вработените од јавното претпријатие, беа вклучени и експерти од Македонско еколошко друштво. На денешниот настан, Промоцијата на 5 теренски возила, службената опрема и ИТ опрема, кој се одржа во Инфо центарот на Пониква, кој сега е и седиште на ЗП Осоговски планини, присуствуваа директорот на ЈП Национални пуми Валентин Груевски, пом.директорката на Сектор за одгледување, подигање, екологија и лов Маре Басова, Регионален советник за води и животна средина во Амбасадата на Швајцарија во РСМ Кармен Туминсен, државниот секретар од МЖСПП, управувачкото тело и ренџерите од ЗП на Осоговски планини и Малешево, претставници од ФАРМАХЕМ, МЕД и од други државни институции. Активностите за воспоставување и нормално функционирање на ЗП се во зародиш и видливите резултати и бенифити за локалното население и за ЈП како управувач, бараат уште многу работа и секако поддршка во јакнењето на капацитетите од секаков аспект. Заради ова, потребна е понатамошна поддршка на телото за управување и по завршување на Програмата за зачувување на природата. Во оваа прилика истакнуваме голема благодарност до SDC и Швајцарската Амбасада, кои преку Програмата за зачувување на природата дадоа огромна поддршка на процесот на прогласување на ЗП и нивната вклученост од самиот почеток во процесот.
Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт