Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Одржан 6-ти Конгрес на еколозите на Македонија / U mbajt Kongresi i 6-të i ekologëve RMV

Во период од 15 до 18 октомври 2022 година, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД) во хотелскиот и конгресен центар Метропол покрај Охрид беше организиран 6-тиот конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество. Од 1998 година до сега, МЕД има организирано пет конгреси на еколозите на Македонија со меѓународно учество. Беа присутни 200 учесници и гости од скоро сите балкански држави: Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Хрватска, понатаму Полска, Словенија и други држави и секако домаќинот Македонија. Пријавени беа повеќе од 180 апстракти (извадоци) кои се отпечатени во книгата на апстракти од Конгресот, а презентирани нешто над 160 во вид на усмени излагања и постер презентации. Конгресот беше посветен на 50 години од формирање на Друштвото на еколозите на Македонија кое се совпаѓа со годината 1972-2022 година. За таа намена беше прикажан и документарен филм посветен на развојот на ова Друштво низ 5 децениското постоење. По отварањето на Конгресот, првото излагање беше посветено на доајенот на екологија во С. Македонија проф Д-р Љупчо Меловски (1958-2019). Традиционално, Конгресот е со изразено меѓународно учество, и има меѓународен организациски одбор (од 15 членови) и меѓународен научен и уредувачи одбор (23 членови од 12 држави). Презентациите кои беа проследени на Конгресот беа вклучени во осум секции: Популации, заедници и екосистеми, Хидробиологија, управување и мониторинг на води, Биолошка разновидност и нејзина заштита, Шумарство и земјоделство, Управување со природни ресурси, Загадување на воздухот, водата и почвата, Промени во животната средина и Еколошка едукација. Дополнително, на Конгресот имаше и неколку придружни настани Симпозиум на студенти по биологија, организиран од Истражувачко друштво за студенти по биологија, Скопје, Симпозиум за зачувување на природата во сливот на Брегалница, Симпозиум за Преспанските Езера, Симпозиум за заштитените подрачја.
На Конгресот учествуваа и преставници од ЈП Национални шуми. Во официјалната програма на Конгресот во секцијата за Популации, заедници и екосистеми од Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање со усмена презентација се престави Д-р Дејан Манџуковски со авторскиот тим со презентација која се однесуваше на: Pelagonian Pinus sylvestris forests –a new proposed habitat for Annex I of Habitat Directive (Пелагониски шуми од бел бор Pinus sylvestris-нов предложен хабитат за Директивата на живеалишта на Европската Унија за Прилогот 1). Ова излагање преставуваше прилог кон проширување на европските знаења за хабитатите на централно - јужните делови од Балканскиот полуостров и предлог дополнување на сознанијата за еден нов хабитат. Дотолку повеќе што во нашата држава во периодот што престои треба да се дооформат сознанијата за присуството на различните типови на хабитати-живеалишта и да се прогласат подрачја под НАТУРА 2000 мрежата. Вториот ден, во секцијата за Биолошка разновидност и нејзина заштита М-р Ацо Теофиловски и Д-р Дејан Манџуковски имаа постер презентација која се однесуваше на повеќе нови наоѓалишта за ретки, ендемични и загрозени растителни видови од централните делови на Македонија. Постер презентацијата пробуди интерес како кај домашната јавност, така и од учесници на Конгресот од регионот. На Конгресот исто така учествуваше и М-р Маре Басова - Помошник директор на Секторот за одгледување, подигање, екологија и лов при Дирекцијата на ЈП Национални шуми.
 
Në periudhën prej 15 deri më 18 tetor 2022, në hotelin Metropol dhe qendrën e kongreseve afër Ohër, u organizua Kongresi i 6-të i ekologëve të Maqedonisë së Veriut,me pjesëmarrje ndërkombëtare nga Shoqata Mjedisore e Maqedonisë (MED). Nga viti 1998 e deri më tani, MZHE ka organizuar pesë kongrese të ekologëve, me pjesëmarrje ndërkombëtare. Të pranishëm ishin 200 pjesëmarrës dhe të ftuar nga pothuajse të gjitha vendet e Ballkanit: Shqipëria, Bullgaria, Greqia, Serbia, Kroacia, më tej Polonia, Sllovenia dhe vende të tjera dhe sigurisht Maqedonia mikpritëse. U raportuan më shumë se 180 abstrakte (fragmente), të cilat u shtypën në librin e përmbledhjeve nga Kongresi, dhe pak më shumë se 160 u prezantuan në formën e prezantimeve gojore dhe postereve. Kongresi iu kushtua 50 vjet nga themelimi i Shoqatës së Ekologëve të Maqedonisë, që përkon me vitin 1972-2022. Për këtë qëllim u shfaq edhe një film dokumentar kushtuar zhvillimit të kësaj Shoqërie gjatë gjithë ekzistencës së saj 5 dekadash. Pas hapjes së Kongresit, prezantimi i parë iu kushtua doajenit të ekologjisë Prof.dr.Ljupço Melovski (1958-2019). Tradicionalisht, Kongresi ka një pjesëmarrje të theksuar ndërkombëtare, dhe ka një komitet organizativ ndërkombëtar (me 15 anëtarë) dhe një bord ndërkombëtar shkencor dhe redaktues (23 anëtarë nga 12 vende). Prezantimet që pasuan në Kongres u përfshinë në tetë seksione: Popullatat, Komunitetet dhe Ekosistemet, Hidrobiologjia, Menaxhimi dhe Monitorimi i Ujërave, Biodiversiteti dhe Mbrojtja e tij, Pylltaria dhe Bujqësia, Menaxhimi i Burimeve Natyrore, Ndotja e ajrit, ujit dhe tokës, Ndryshimet në mjedis. dhe Edukimi Mjedisor. Përveç kësaj, Kongresi pati disa ngjarje anësore: Simpoziumi i studentëve të biologjisë, organizuar nga Shoqata hulumtuese për studentë të biologjisë, Shkup, Simpoziumi për ruajtjen e natyrës në pellgun ujëmbledhës të Bregalnicës, Simpoziumi për liqenet e Prespës, Simpoziumi për zonat e mbrojtura. Në Kongres morën pjesë edhe përfaqësues nga Pyjet Kombëtare.
Në programin zyrtar të Kongresit, në seksionin Popullatat, Komunitetet dhe Ekosistemet e Departamentit për Menaxhimin e Pyjeve, Gjuetisë dhe Projektimi– një habitat i ri i propozuar për Aneksin I të Direktivës së Habitatit. Ky prezantim përfaqësoi një kontribut në zgjerimin e njohurive evropiane për habitatet e pjesëve qendrore-jugore të Gadishullit Ballkanik dhe një propozim për të plotësuar njohuritë për një habitat të ri. Aq më tepër që në vendin tonë gjatë periudhës aktuale duhet të përditësohen njohuritë për praninë e llojeve të ndryshme të habitateve-banesave dhe të deklarohen zonat nën rrjetin NATURA 2000. Në ditën e dytë, në rubrikën për diversitetin biologjik dhe mbrojtjen e tij, z. Aco Teofilovski dhe dr. Dejan Mandžukovski patën një prezantim me poster, i cili u referohej disa lokacioneve të reja për specie të rralla, endemike dhe të rrezikuara bimore nga pjesët qendrore të Maqedonisë. Prezantimi i posterit zgjoi interesimin e publikut vendas dhe pjesëmarrësve të Kongresit nga rajoni. Në Kongres ishte i pranishëm edhe përafsues nga NP Pyjeve Kombëtare .
 
 
Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт