Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Досегашни активности спроведени во рамките на Програмата за заштита на природата, а во врска со заштитените предели Осоговски пл. и Малешево

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На 11.05.2022 год. во Мултикултурен центар во Кочани, се одржа презентација на ЗП Осоговски планини и Малешево пред високи претставници на SDC И SECO, на која како претставник од ЈП "Национални шуми" учествуваше Маре Басова-помошник директор на сектор за одгледување, подигање, екологија и лов и ренџери и инжинери од ЗП. 

Шумите врз основа на многубројните општокорисни функции што ги имаат, претставуваат дел од националното богатсво односно наследство, и со Уставот на Република Северна Македонија се прогласени за природно богаство и уживаат посебна заштита. 

Шумите во РСМ се простираат на површина околу 1 милион ха или зафаќаат 40% од вкупната површина на Државата. Околу 10% од површина под шума, се шуми во приватна сопственост а останатите се шуми во државна сопственост. Со шумите во државна сопственост стопанисува ЈП "Национални шуми". Уште од самото формирање стопанисувањето се заснива на реализирање на работите и задачите поврзани со унапредување, заштита и користење на шумските ресурси на принцип на одржлив развој.

Во ноември 2020 година со Одлука на Владата на РСМ дел од Осоговските Планини е прогласено за Заштитено подрачје, а во декември 2021 година е прогласено Заштитето подрачје Малешево, и двете подрачја во категорија V Заштитен предел, а ЈП "Национални шуми" е назначено за управувач на Заштитените подрачја.

Назначувањето за управувач на овие Заштитени подрачја за ЈП "Национални шуми" преставува голема одговорност, бидејќи досега ЈП управуваше и водеше грижа за шумскиот екосистем, а сега со воспоставувањето на Заштитените подрачја треба да води грижа за функционирањето на сите екосистеми во границите на кои се протегаат двете ЗП.

SDC и Швајцарската Амбасада преку Програмата за зачувување на природата дадоа огромна поддршка на процесот на прогласување на Заштитените подрачја, како и на охрабрувањето да се прифати оваа нова улога во управувањето со заштитените подрачја.

Програмата за зачувување на природата со експертизата со која е овозможено да се надминат низа предизвици при управувањето со заштитените подрачја, почнувајќи од формирање на телото за управување, изработката на План за управување со Заштитеното подрачје, Годишните програми за управување со ЗП, Годишните извештаи итн.

Благодарение на Програмата за зачувување на природата е овозможена техничка подршка, односно обезбедување на опрема:

• теренски возила, противпожарни возила и опрема;

• фотозамки и друг тип на опрема за мониторинг во ловиштето Полаки – Кочани кое е дел од ЗП;

• канцелариска опрема;

• униформи за ренџерите кои треба да се набават во наредниот период 

 

Активностите за воспоставување и нормално функционирање на Заштитените подрачја се во почетна фаза, а видливите резултати и бенефити за локалното население и за ЈП "Национални шуми" како управувач, бараат уште многу работа и секако поддршка во јакнење на капацитетите на телото за управување од секаков аспект, па оттаму и потребата за понатамошна поддршка по завршување на Програмата за зачувување на природата.

Ваков тип на поддршка на телото за управување на Осоговските Планини и Малешево се надеваме дека ќе биде дел и од наредната Стратегија на SDC, како единствен донатор во Источна Македонија, за разлика од западниот дел на државата каде се наоѓаат Националните Паркови, кои секогаш имале долгорочна поддршка од повеќе донатори.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт