Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Тренинг-работилница за Одржливо управување со шумите во РС Македонија

На 1 ноември 2021 година во хотел ПАНОРАМИКА во Скопје се одржа тренинг работилница за “Одржливо управување со шумите во РС Македонија” како дел од компонентата 3: Планирање на користењето на земјиштето и интегрирање на биолошката разновидност, која се спроведува во рамките на STAR 5 проектот „Постигнување на заштита за биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина и имплементиран преку Програмата на ООН за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ како главен партнер и корисник.
На тренинг работилницата учество земаа вработените од Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање при ЈП Национални шуми.
Целта на оваа тренинг работилница беше стручните лица од Секторот да се запознаат со концептот на одржливо управување со шумите и да се развијат упатства/препораки кои треба да бидат следени при изработката на плановите за стопанисување со шуми, со цел воведување еколошки одржливи практики за управување со шумите и вклучување на специфични елементи за зачувување на биолошката разновидност.
На оваа тренинг работилница која беше организирана од страна на Балканската Фондација за Одржлив Развој (БФОР), предавачи беа професори од Шумарскиот факултет од Скопје и стручњаци од областа на шумарството.
ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ШУМИТЕ СО РАЗВИВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИ ПРИ ИЗРАБОТКА НА ППСШ
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт