Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ЈП “Национални шуми”ќе управува со заштитеното подрачје на дел од Осоговските Планини

Со донесувањето на Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 17.11.2020 година за прогласување на дел  од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V заштитен предел со кој ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми ЈП“Национални шуми” се реализира долгогодишната заложба и непрекинати активности  на  Секторот за одгледување, подигање, екологија и лов при ЈП Национални шуми во целиот овој процес.  Секторот од самиот почеток беше вклучен во сите расправи, преговарања, договарања  и носење одлуки во врска со голем број на прашања и проблеми од сите засегнати страни, кои произлегуваа во текот на самиот процес на прогласување.

Ова  Одлука претставува голема одговорност и предизвик за нас како ЈП, но со тоа од друга страна  се дава можност за отварање  нови области за унапредување на нашето работење во насока на одржливо користење на ресурсите и подобрување на состојбата на теренот.  Со интегрирано управување и одржливо користење на природните ресурси ќе се зачуваат и унапредат сите природни вредности, биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејсажните, пределните и другите природни убавини заради кои ова подрачје е прогласено за заштитен предел.

 ЈП е подготвено да ги преземе сите обврски за управување со заштитено подрачје на Осоговските Планини бидејќи располага со материјални и човечки ресурси кои се неопходни за спроведување на идните активности и процеси во Заштитеното подрачје. Во оваа насока, ЈП„Национални шуми“ очекува да се зајакне соработката со МЖСПП на полето на заштитата и унапредувањето на природата во Република Северна Македонија. Исто така, очекува искрена соработка и обезбедување на финансиска подршка од МЖСПП во сите чекори кои следат понатаму за успешно воспоставање и водење на заштитеното подрачје на Осоговските Планини.

ЈП„Национални шуми“ изразува искрена благодарност на заложбите на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) Фармахем  Скопје, Македонско еколошко друштво , МЖСПП  и други домашните институции и општини, кои ја поддржаа целосно реализацијата на проектот за заштита на Осогово и воедно го поддржаа ЈП„Национални шуми“ да биде управувач на Заштитеното подрачје на дел од Осоговските Планини.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт