Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Со домаќинско работење до успешни резултати во екот на најголемата светска пандемија-Ковид 19 – ПШС Липа, Крушево

Согласно поставените цели во производната 2019 година, спроведени преку реализација на планот за производство од 97%, во ПШС Липа –Крушево, трендот на успешно остварување на планираното производство за првиот, а особено во вториот квартал продолжи и во 2020 година притоа соочувајќи се со глобалниот проблем, појавата на Корона вирусот-Ковид 19. Следејќи ги упатствата на Владата, од кои произлегоа интерни мерки и препораки препорачани од директорот на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев и менаџерскиот тим кои се однесуваа на ублажување на опасностите од ширење на вирусот со адекватна заштита, дезинфекција на работните простории и заштита на здравјето на вработените. Во препораките, покрај останатото беше потенцирана заштитата на вработените и оптимално продолжување на работата во вонредни услови.

Врз основа на член 35 од Статутот, Директорот на ЈП „Национални шуми“-п.о.- Скопје, издаде Наредба, со која на раководителите - директори на Подружниците во состав на ЈП, им беше наредено да ги преземат континуирано сите потребни мерки во врска со заклучоците од Владата на Р.С.Македонија во врска со мерките и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Сите раководители-директори на Подружниците беа задолжени да го организираат и утврдат работното време во граници кои нема да го нарушат тековното работење;
Да го организираат работниот процес со оптимален број на вработени, колку што е потребно за нормално и непречено работење на подружницата;
како и да го организираат производството на начин што нема да трпи последици.
За непречено функционирање и извршување на работните задачи во подружниците беше препорачано да се комуницира телефонски или преку електронска пошта со дирекцијата или со другите подружници.
Преземените активности и мерки беа со цел да се превенира појавата и евентуалното ширење на корона вирусот.

Согласно извршената анализа на новонастанатата ситуација во ПШС Липа –Крушево се преземаа мерки, пред се во организацијата на производството, односно, со минимум работници да се оствари оптимално производство како не би се нарушило тековното работење на ЈП и снабдување на граѓаните со огревно дрво според предвидената динамика за производсто, а притоа да не се нарушат правата на работниците, нивната заштита како и нивното здравје, согласно препораките и упатствата од директорот и менаџерскиот тим. Се набавија заштитни средства, дезинфекциони средства, заштитна опрема и се изврши дезинфекција на целата подружница, административниот дел и магацинските простории.

Задачата на раководителите на подружниците беше да се организира производството на тој начин што и покрај пандемијата и вонредната состојба сепак да не се наруши, одгледниот, заштитниот и призводниот момент како основни дејности на шумарството. Со почитување на дисциплината и дадените мерки и препораки и со добра организација, ПШС Липа –Крушево, како и останатите подружници постигна добри резултати. Тоа го покажуваат резултатите со реализација од 100% од планираната динамика за месец мај, која изнесува 1.200м3 во фаза сеча, со сопствени сечачи и со надворешни извршители.
Покрај тоа не се занемари и заштитата на шумите, што го илустрира фактот дека во текот на месец мај во заедничка акција со МВР е одземено возило натоварено со бесправно посечено дрво и поднесени се две пријави за сторители на бесправна сеча и транспорт.

Од наведеното се гледа дека се остварени значајни резултати кои со заедничко залагање на сите вработени ќе бидат уште подобри во периодот што следи.

 

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт