Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Запознавање на најновите технологии во производството на надоградбите на механизацијата во доменот на шумарството

На покана на Палфингер Кран ПК ДОО Ријека, генералниот директор на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев и претседателот на Управен Одбор на ЈП Македонски шуми, Милутин Ристески, присуствуваа  на состанок со Директорот Андреј Рустја и Раководителката на секторот за продажба и маркетинг Наташа Раковиќ Рустја.

 

Посетата беше со цел запознавање на најновите технологии кои Палфингер кран ги применува во производството на надоградбите на механизацијата во доменот на шумарството. Палфингер е светски лидер во производство на надоградби на тешки товарни возила од сите видови. Палфингер Кран ПК ДОО Ријека http://www.pk-rijeka.hr/ е овластен застапник на светскиот производител Палфингер https://www.palfinger.com/ за Хрватска, БиХ, Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Овие технологии своето место веќе го имаат во шумарствата во регионот (Хрватска, Србија, Словенија).

“Современите текови во производството, налагаат потреба од примена на најнови и најприменливи технологии во производството, а сите ние сме свесни за застаренета и непродуктивна технологија во ЈП Македонски шуми,  која создава огромни проблеми и големи непредвидени расходи за нејзино одржување. Токму затоа одговоривме на поканата на овој реномиран производител и се надеваме дека, во догледно време ќе успееме да го обновиме возниот парк со нова механизација”- изјави ген. директор Зоран Ѓорѓиев.

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт