Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Потпишан меморандум за разбирање меѓу УНДП и ЈП “Македонски шуми”

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 16 јануари 2013 година потпишаа Меморандум за разбирање за една поширока заедничка иницијатива во Преспанскиот регион.

Меморандумот за разбирање е потпишан од страна на Генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, г-дин Жарко Караџоски и Заменик постојаниот претставник на УНДП, г-дин Алесандро Фракасети.

 

Во рамките на Проектот за заштита на Преспанското Езеро, кој се спроведува од страна на УНДП, обезбеден е буџет од околу 1,000,000 УСД за инвестиции за заштита од негативните ефекти на ерозијата. Во рамките на проектот, во текот на наредните неколку години, планирано е спроведување на серија на антиерозивни мерки преку подобрување на шумската покривка и регулирање на главните поројни водотеци во сливот на Преспанското Езеро.

 

Како подготовка на овие мерки, во текот на наредните месеци ќе се работи на подигнување на нов расадник во Преспа, во близина на селото Асамати. Овој модерен расадник се очекува во голема мерка да ги обезбеди потребниот автохтон саден материјал за идните пошумувања во Преспа.

 

Проектот за заштита на Преспанското Езеро има за главна цел воведување на сеопфатни мерки кои значително ќе го подобрат еколошкиот статус на Преспанското Езеро и ќе обезбедат контрола на процесите на еутрофикација на долг рок. Проектот е базиран на препораките од Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро, при што намерата е да се намалат притисоците од: земјоделството, шумските површини, загадените притоки, отпадните води и цврстиот отпад.

Во областа на шумарството проектот има за цел да спроведе серија на антиерозивни мерки преку подобрување на шумската покривка и регулирање на главните поројни водотеци во сливот. Во текот на наредните неколку години се планира значително да се подобри шумската покривка преку опсежни пошумувања. Покрај контролата на ерозијата, обновувањето на шумската покривка ќе резултира со дополнителни придобивски кои произлегуваат од функционионалните шумски екосистеми (пр. обезбедување на значајни живеалишта на живиот свет, подобрување на хидролошкиот режим во сливот, производство на дрвна маса и врзување на СО2).

Како подготовка за овие планирани активности проектот има намера да обезбеди подршка на надлежните од областа на шумарството (Јавното претпријатие „Македонски шуми“) во зголемувањето на продуктивноста на постојните расадници во Преспа. Додека оперативно, проектот ќе се спроведува во соработка со поддружницата на ЈП Македонски шуми во Ресен (т.е. Преспа дрво), овој меморандум се потпишува со главната канцеларија на ЈП „Македонски шуми“ која всушност е крајно надлежна за управувањето со шумите и шумарството во државава.

ЈП „Македонски шуми“ моментално поседува земјиште со површина од околу 0,7 хектари наменето за поддигнување на расадник. Поради моменталните ограничени ресурси претпријатието не е во можност да го подигне расадникот без дополнителна поддршка. Ова земјиште се наоѓа во близина на село Асамати.

Поаѓајќи од претходното позитивно искуство во спроведување на слични активности со ЈП „Македонски шуми“, УНДП има намера да обезбеди техничка и финансиска поддршка во воспоставување на модерен расадник којшто ќе се користи за производство на автохтони садници, во согласност со потпишаниот проектен документ на Проектот за заштита на Преспанското Езеро.

Целта на овој Меморандум за разбирање е да се дефинира рамката на соработка помеѓу Страните во напорите за спроведување на антиерозивни мерки во сливот на Преспанското Езеро и подигнување на расадник на автохтони дрвни видови во близина на селото Асамати.

Проектот за заштита на Преспанското Езеро кој отпочна во јули 2012 година се спроведува преку партнерството на УНДП со Општина Ресен и други субјекти на национално и локално ниво. Проектот кој ќе се спроведува во текот на наредните шест години има за цел преку спроведување на серија на мерки во главните сектори да придонесе кон значително подобрување на еколошкиот статус на Преспанското Езеро.

Финансиската поддршка за овој проект во вредност од 5,000,000 Швајцарски франци е обезбедена од страна на Швајцарската влада, преку Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

 

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт