На 2 август 2026 година во попладневните часови локалното население пријавило шумски пожар во Шумско-стопанската единица Вишешница, Кавадаречко. Пожарот настанал поради човечки фактор, со палење сува трева, и се проширил во правец на селото Кесендре.
Подружницата „Бор“ од Кавадарци испратила пет вработени со две возила. Во гаснењето учествувале и две екипи на ТППЕ Кавадарци и припадници на МВР.
Пожарот е ставен под контрола, а екипа на претпријатието останала на дежурство и следење на состојбата.
