Советување - Шумски патишта
во организација на ЈП Македонски шуми и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
повеќе
 
 
 
повеќе
 
 
овде
 
 
овде
 
 
СООПШТЕНИЕ
Склучување на купопродажни договори за техничка дрвна маса
повеќе
 
 
повеќе
 
 
повеќе
 
 
 
ЛОВЕН ДОМ - БЕРОВО
 
 
 
повеќе
 
 
Прочитајте ги најновите содржини на нашето списание
 
„Наши шуми“ - издание број 41
 
 
ЛИНКОВИ
 
 
Телефонски Именик

Централа: 02 2 581 080
 
 
 
 
 
 

Јубилеј "10 години од формирањето на ЈП "Македонски шуми"

 

Јубилејот  10 години од формирањето на ЈП „Македонски шуми„ ќе се  одбележи со Свечената академија, на 12.12.2008.година во Домот на АРМ.
ЈП "Македонски шуми" е формирано со одлука на Владата на Република Македонија од 15. 12. 1997. година, а со работа започна на 01. 07. 1998. како правен следбеник на повеќе стопански објекти кои до формирањето стопанисуваа со државните шуми.
Со државните шуми во Република Македонија стопанисува Јавното претријатие за стопанусување со шуми во државна сопственост ЈП"Македонски шуми", кое годинава  го слави својот јубилеј   10 години од постоењето. Јавното претпријатие, и во овој период, аналогно на постоењето на секое друго битие, поминува низ разни и сложени периоди со бројни проблеми и противречности, кои повеќе и или помалку успешно ги решава.
На иницијатива на генералниот директор на ЈП "Македонски шуми"  и менаџерскиот тим, донесена е одлука за одбележување на јубилејот  "10 години од формирањето на ЈП "Македонски шуми".

 

» повеќе

 
   
 
 

Акција "Ден на дрвото - Засади ја својата иднина"- есенско пошумување

 

Есенското пошумување од акција "Ден на дрвото-Засади ја својата иднина", ќе се одржи на 19. ноември, 2008 година, на целата територија на Република Македонија, после одлагањето од 29. октомври. Планирано е да се засадат 6 милиони садници, на локации ширум државата.

 

» повеќе

 
   
 
 
42. "ДЕНОВИ НА ШУМАРСТВОТО" Охрид 2008
 

Традиционалната манифестација “Денови на шумарството”, годинава се одржа по 42-ви пат. Традиција на  која може да се позавиди.
Годинава “Деновите  на шумарството” се одржаа во Охрид, покрај прекрасното Охридско езеро, во хотел “Десарет”.

 

» повеќе

 
   
 
 
Чистење на коритото на Вардар
 

Во акцијата на чистење на речното корито на реката Вардар, Секторот по користење  на шуми, активираше група сечачи од поедини подружници кои активно учествуваа во сечење и расчистување на крајречната вегетација.

Во акцијата беа ангажирани околу 60 сечачи со моторни пили, од следните подружници:

- Бигла - Демир Хисар
- Лопушник - Кичево
- Бор - Кавадарци
- Осогово - Крива Паланка
- Караџица - Скопје
- Шумарство - Свети Николе
- Куманово - Куманово
- Кожуф – Гелгелија

Со нивно приклучување во акцијата во неколку наврати вкупната должина на посечената и отстранета вегетација (дрвја и грмушки) од двете страни на реката Вардар изнесува околу 6 км.