Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

За Шумите

Географски карактеристики на Р.С. Македонија

Р.С. Македонија е пространствено мала. Најголемото растојание по воздушна линија во насока север југ изнесува околу 15 км, а во насока исток-запад околу 210 км. Во тој мал простор се јавува голема хетерогеност на почвениот прекривач.
Кај нас има и голем број геолошки формации со различна старост, различен географски и гранулометриски состав. Присутно е влијанието и на повеќе клими (континентална, медитеранска, планинска) чиишто елементи варираат во широки граници и се јавува голем број различни растителни асоцијации. Поради долготрајното дејство на педогенетските фактори нашите почви во текот на времето се менувани така што достигнале различен степен на еволуција. Кон сето тоа треба да се додаде и долготрајното дејство на човекот кое ја има изменето насоката на природните педогентески процеси на многу наши почви.

Р.С. Македонија е континентална земја, во центарлниот дел на Балканскиот Полуистров , помеѓу 40° 50’ и 42° 20’ СГШ и помеѓу 20° 27’ 30" и 23° 05’ ИГД. СЕ граничи со Албанија на запад (191 км), Грција на југ (262 км) , Бугарија на исток  (165 км) и со Србија на север (231 км). Вкупната должина на границата изнесува 849 км, со вкупна површина од 25.713 км2.

Релјеф

Р.С. Македонија има многу сложена геологија и развиен релјеф, што доведува до големи варијации на почвени типови.
Планините претставуваат големи релјефни форми кои покриваат приближно две третини од територијата на земјата. Тие се дел од старата Родопска група, во источниот дел и младата Динарска група, во западниот дел од државата. Родопската група планини се пониски од 200 метри, со највисок врв Руен 2252 метри на Осоговските планини. Динарските се многу повисоки и се издигнуваат преку 2500 метри, со највисокиот врв во Македонија Голем Кораб - 2764 метри. Помеѓу овие две планински групи  се наоѓа Вардарската зона , по должината од двете страни на реката Вардар и Пелагонискиот хорст антиклинориум во централниот дел на земјата.

Котлините и поголемите полиња ги пресекуваат планинските релјефни структури, покривајќи околу една третина од површината на државата.  Највпечатливи се оние долини кои се протегаат по должината на реката Вардар, вклучувајќи ја Скопската котлина (1840 км2), додека најголемата рамнина е Пелагониската висорамнина, во југозападниот дел од државата која зафаќа површина од околу 4000 км2, со просечна надморска височина од 600 метри.

Карстниот релјеф е специфичен за Р.С. Македонија и најповеќе е застапен во палеозојските, мезозојските, палеогените и неогените, варовници, кои се наоѓаат главно во централниот дел  и западниот дел на државата. Рељефот вклучува површински карстни форми на шкрапи, вртачи, ували и карстни полиња, како и подземни рељефни форми, вклучувајќи 164 пештери и 12 јами и понори.

Хидрографија

Македонија се смета за богата со води, со евидентирани и картирани 4,414 извори, чиј вкупен годишен капацитет достигнува 6,63 милијарди м3 вода. Во хидролошка смисла Р.С. Македонија е поделена меѓу трите водни слива на Јадранско Море (15% од територијата), со главната утока, реката Црн Дрим; Егејското Море (85% од територијата) , со реките Вардар и Струмица, како најголеми водени текови и Црното Море, чиј слив има незначителна територија.

Вардар е најголемата река со околу 80 % од целокупниот воден истек  од Р.С.Македонија. Неговата вкупна должина изнесува 388 км, од кои 300 км течат во Р.С.Македонија, додека остатокот е во Грција. На истекот од Македонија, тој има проток од 174 м2/сек. Поголеми десни притоки на реката Вардар со Црна Река (207 км должина) и реката Треска (138 км), додека најдолгите леви се реката Брегалница (225 км) и реката Пчиња (135 км).

Како земја која не излегува на море, Р.С. Македонија е горда на своите природни и вештачки езера. Од природните езера, најатрактивни се тектонските езера: Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Охридското езеро е најголемо, со површина од 358.8 мк2, од кои 229.9 км2 и припаќаат на Македонија, а остатокот на Албанија. Најмалото Дојранско Езеро, за разлика од претходните две кои се лоцирани во западниот дел од државата, е сместено во југоисточниот дел и има површина од 42.7 км2, поделена со Грција.

Клима

Кога Р.С. Македонија и соседните области би биле рамни, тие би имале многу поизразена медитеранска клима, ако се суди по географската широчина и близината на морињата. Секундарните фактори (сложена релјефна структура, надморска височина) силно го модифицираат медитеранското влијание.

Поради специфичните природни и географски карактеристики, во Р.С.Македонија има два главни типа на клима: изменета медитеранска и умерено континентална.  Од тука, се истакнуваат две годишни времиња: студени, влажни зими и суви, топли лета, поврзани со преодните сезони, пролет и есен. Пролетта почнува порано, а есента подоцна. Есента (особено октомври) е потопла од пролетта (април). Дополнително, на високите планински предели постои планинска клима која се карактеризира со кратки и студени лета и значително студени и умерено влажни зими, кадешто врнежите се претежно снежни.

Просечната годишна температура е голема (над 14 - 15 ° Ц), средното годишно колебање е мало (под 20° Ц). Апсолутно колебање на температурата е помало (обично под 50 ° Ц).  Во планинските климатски предели, средните годишни температури се :  4,7 ° Ц на Попова Шапка (1750 м), 6,8 ° Ц во Лазарополе (1330 м), и 8,2 ° Ц во Крушево (1230 м).

Умерено-континенталната клима (источно-европска варијанта) се одликува со изразено студени зима со подолг мразен период, со поголем број мразни денови, со средна месечна температура во најстудениот месец под нулата, со ниски средни минимални температури и ниски апсолутни минимуми и со помалку врнежи. Летата и вегетациониот период во споредба со медитеранската клима се пократки, со ниска релативна влажност и со помалку летни и тропски деновив. Преодот од летото кон зимата и од зимата кон летото е релативно брз. Средната годишна температура е пониска отколку во медитеранската клима, но средното годишно и апсолутно годишно колебање се изразито високи. Количеството на врнежите и релативното годишно колебање на врнежите се помали. Врнежи има повеќе во потоплиот дел од годината ( V и VI). Тие често имаат пороен карактер.

Планинската клима се јавува во особено изразита форма во највисоката (алпската) планинска зона, а нешто во послаб изразит вид во субалпскиот појас. Оваа клима се одликува со ниски просечни годишни температури (околу 0 ° Ц), со изразено студени зими (најстудениот месец просечно под - 5 ° Ц). Просечните месечни температури се под 0 во текот на 5-6 месеци и мошне е голем бројот на мразни  денови (3-4 месеци).  Оваа клима се одликува со не толку ниски апсолутни минимуми (до - 24 ° Ц), со мали средни (под 20 ° Ц) и апсолутни амплитуди (под 60 ° Ц), со кратки и студеникави лета (со просечни температури под 10 ° Ц без супни периоди) и со изразено потопла есен од зима. Големо е количеството на врнежи и плувиометрискиот режим добива континентален карактер.

За позначајно навлегување на медитеранската клима од југ, од Солунскиот Залив, пречат високите планини (Баба, Ниџе, Козјак, Кожуф, Неретска Пл. , Беласица). Таа навлегува кон север по долината на реката Вардар, по долината на реките Струма и Струмешница (од Орканскиот Залив), во слаба форма низ Кизли-Дервентската Клисура, по долината на јужната притока на Дојран. Во поизразена форма с јавува до Демир Капија (Гевгелиско, Валандовско, југозападен дел на СТрумичко). Во ослабната форма (модифицирана) под влијание на континенталната клима таа навлегува по долината на Вардар се до Скопската Котлина, по долината на Црна Река (преку Тиквеш и )

Биолошка разновидност

Р.С. Македонија ја ратификуваше Конвенцита за билошка разновидност во 1997 година и стана Страна на конвенцијата на 2 март 1998 година.

Оценката на статусот на биолошката разновидност и нејзината засегнатост, е направена со цел да се откријат општите аспекти на нејзината заштита, заедно со другите глобални закани, како што се климатските промени и деградација на земјиштето. Најпечатливи одлики на билошката разновидност во Р.С. Македонија претставуваат нјголема хетерогеност и високиот степен на реликтност и ендемизам.

Флора

Вегетацијата на Р.С. Македонија претставува мозаик на разновидни заедници со претставници од различни вегетациски типови. Во однос на нижите растителни групи во земјата, алгите претставуваат особено разновидна група организми, од која досега се утврден вкупно 1580 видови. Габите претставуваат хетерогена група организми, а со досегашните проучувања регистрирани се 1250 видови, додека кај лишаите тој број изнесува околу 340 видови.

Флората на вишите растителни групи е прилично богата, со мозаик на разновидни флоровегетациски елементи (терцијарни реликти, медитерански, грчко-анатолски, алирски, кавкасни, средноевропски, евроазиски, арктоалпски и космополитски) и голем број на ендемски видови  (Национални, јужнобалкански и балкански). Флората ја претставуваат 210 фамилии, 920 родови и околу 3700 видови. Најмногубројната група се цветните скриеносемени растенија, со околу 3.200 видови, мовови (350), папрати (42) и големосемените растенија (15).

Помеѓу нижите растителни групи, алгите се претставени со најголем ендемизам, со 135 ендемски таксони или 8,5 % од вкупната флора на алги. Поголемиот број се забележани во ОХридското и преспанското Езеро, помал број во Дојранското Езеро, на планината Пелистер и во реката Бабуна. Во флората на вишите растителни групи, исто така, постојат многу ендемски видови (вкупно 117 видови), а најмногу се регистрирани помеќу скриеносемените растенија (114).

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт