Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Ден на дрво

ДЕН НА ДРВОТО-Засади ја својата иднина

Кампањата на мартовската акција за засадување дрвја и пошумување на македонските голини започна на 2. февруари во Прилеп, како еден од градовите со најуспешно спроведени акции за "Денот на дрвото", а заврши на 01. март во Охрид.

На свеченоста одржана по повод акцијата Ден на дрвото-Засади ја својата иднина, за залагањата во досегашните акции Иницијативниот одбор додели и плакети "Лидер на зелената иднина" на Каролина Гочева, на евроамбасадорот Ерван Фуере, маркетинг агенцијата "Њу момент" и на Агенцијата за рурална регионална соработка, признание кое секоја година ќе се доделува за особено залагање и придонес во Акцијата. Посебни Благодарници беа доделени на сите поддржувачи на Акцијата: институции, медиуми, естрадни ѕвезди, спортисти и спортски работници, поединци кои биле и се поддржувачи и помагатели на оваа хумана еколошка акција.

Пролетното пошумување се одржа на 14. март, 2009. година, по исклучително лоши временски услови. Начинот на работа беше ист како и во првите две акции. Граѓаните повторно масовно излегоа на местата на пошумување и покрај студеното време и силниот ветар. Координатор на акцијата беше Иницијативниот одбор "Ден на дрвото", а садниците ги обезбеди ЈП "Македонски шуми", чии вработени стручно го надгледуваа текот на акцијата. Масовно учество зедоа и студентите од Шумарскиот факултет во Скопје, ученици од основните и средните училишта, естрадни ѕвезди и сите вљубеници во природата на кои ветрот не им пречеше да го садат своето дрвце на иднината.

Координаторот на Иницијативниот одбор "Ден на дрвото" Борис Трајанов е задоволен од успешноста на акцијата и покрај лошите временски услови на денот на засадувањето 14.март, 2009. година. "Масовноста во засадувањето, односно бројот на граѓани кои излегоа на местата на пошумување е голем, а со секоја акција еколошката свест кај луѓето се повеќе ќе се подигнува. Ако на претходните акции излегле 10 отсто од населението, интенција ни беше процентот да не биде помал од 15 до 20 насто, а зошто не и повеќе. Освен тоа инсистиравме од институциите на поорганизиран и поголем превоз до непристапните места кои се пошумуваа, нагласи Трајанов. Во пролетното пошумување се посадени 5 милиони садници, а вработените од ЈП "Македонски шуми" ги засадија, останатите планирани 5 милиони садници во семка. Сметам дека со поголема помош на сите стручњаци од шумарството, професори од факултетот и постојано следење на развивањето и растењето на посаденото, зафатеноста на дрвцата ќе биде поголема, а ние ќе бидеме поблиску до нашата цел-Зелена Македонија"- констатира г-дин Трајанов.

На секое место на пошумување имаше претставници од МВР, Брза помош, ЗЕЛС, Министерството за животна средина, Центарот за управување со кризи, а автобусите кои кружеа на секои два часа на местата на пошумувањето ги обезбеди Министерството за транспорт и врски. Акцијата беше поддржана од Владата на Република Македонија.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт